Земјоделец откри каде да треба да се чува кромидот за да не пропадне, никако во фрижидер ВИДЕО

942

Еден американски земјоделец стана sвезда на социјалната мрежа ТикТок одговарајќи на прашањата на Американците за тоа од каде доаѓа храната и како таа се чува.

Шеј Мајерс има милиони прегледи на ТикТок, а многумина беа изненадени од видеото на кое тој покажува како го чува кромидот една година пред да дојде до продавниците. Мајерс им објасни на следбениците дека кромидот се чува до една година во посебни услови пред да дојде во продавниците, што нив мошне ги изненадило.






Многумина го прашувале дали тие можат да чуваат кромид толку долго дома, а тој кажал некои навистина корисни совети.

Тој вели дека најлошо е кромидот да го чувате во фрижидер. За кромидот е важно да нема ниту светлина ниту влага за да не из’рти, па Мајерс советува да се чува во хартиени ќеси на место кое секогаш има иста температура. Одлично е да го чувате, на пример, под мијалникот или под скалите.

@shayfarmkid

Reply to @wobblyboat87 #onions101 #farming101 #onions

♬ original sound – Shay Myers

 

ФОТО: ТикТок

Поврзани содржини