ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗАРАБОТИЛЕ 59,5 МИЛИОНИ ЕВРА Нивните производи главно завршувале кај откупувачите
Во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5%.
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 %, покажуваат податоците на Сржавниот завод за статистика (ДЗС).
Според овие податоци во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5%.
Според податоците годинава е зголемен откупот и продажбата кај доматите. Лани во второто тримесечие биле продадени 6.827 тони, а годинава се откупени и продадени 7. 142 тони. Од овошјето пораст на откупот и продажбата има кај јаболката (191 тон годинава наспроти 88 тони лани во истиот период. Поголем откуп и продажба има и кај свињите. Лани се откупени и продадени 1.995 тон, а годинава 2.690 тони. Зголемување има и кај печурките. Годинава се продадени 60 тони, наспрема 39 тони кои биле откупени и продадени лани во второто тримесечје.
Во ова тримесечје драстичен пад на откупот и продажбата има кај пченицата од полјодлеските производи. Годинава се откупени и продадени 160 тони, а лани во истиот период 675 тони. Намалување има и кај млекото. Лини биле откупени 326.618 хектолитри млеко, а годинава 287. 868 хектолитри.