ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ ЗАРАБОТИЛЕ 84,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВЕДЕНОТО Пораснал откупот, но и сопствената продажба

Од тоа преку откуп се реализирани 2,7 милијарди денари, а остатокот од 2,5 милијарди денари земјоделците ги оствариле со директна продажбата на сопственото производство.

118

Во третото тримесечје од 2025 година, споредено со ланскиот ист период откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е зголемен за 12%. Во истиот период пораснала  и  продажбата на земјоделски производи од сопствено производство каде што порастот е за 8,8%.

Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.






Во паричен износ вкупно пласманот на земјоделските производи изнесува 5,2 милијарди денари (84.552 евра). Од тоа преку откуп се реализирани 2,7 милијарди денари, а остатокот од 2,5 милијарди денари земјоделците ги оствариле со директна продажбата на сопственото производство.

Гледано по групи највисок раст има кај откупот и продажбата во овоштарството од  71,3%, а пад е забележан кај продажбата на риба и на алкохолни пијалаци.

Извор: ДЗС

Ако се анализира пласманот на земјоделските производи по производ, тогаш во третото тримесечје земјоделците  продале 35.814 тони пченица, 4.276 домати, 55.436 тони грозје, но продале 269.814 тони млеко што е помалку од лани за 15.204 тони. Голем пад на пласманот е забележан кај печурките. Лани се продадени 40.990 тони, а годинава само 6.324 тони.

Поврзани содржини