Раноградинари од струмичкото село Куклиш реагираат дека не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка во Струмичко, која вчера почнала да се откупува по десет денари за килограм, иако на почетокот на минатата недела беше договорено откупната цена да изнесува 15 денари до 20 април.
– Поголем дел од нашите производи се извезуваат директно од откупните центри, а повеќето од нив не ја сообираат пролетната зелка, додека дел од нив ја откупуваат за 10 денари по килограм што е за пет денари помалку од договорената цена од Министерството за земјоделство, која требаше да биде применувана до 20 април. Ние го повикуваме министерот и заменик-министерот да преземат мерки во најбрз можен период – реагираат раноградинарите од село Куклиш.