📽 ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГО САРДИСАА ШОЛЦ Тој отвора фабрика, тие со трактори блокираат!
Канцеларот изгледа напнат: бледа кожа, длабоки кругови под очите, едната рака треба да ја држи другата. Расположението во земјава не го остави неповреден шефот на владата. Шолц одби да се појави на демонстрациите на фармерите пред фабриката, пишува германски „Билд“.
Петстотини трактори беа најавени, а пеесетина веќе пристигнаа и го блокираа влезот на модерна фабрика за возови која ја отвора германскиот канцелар Олаф Шолц во Котбус. Билд пишува дека Шолц одбил да се појави на протесто а во 15-минутниот говор на отворањето изјавил деа „живееме во турбулентни времиња и дека сето тоа е дел од демократијата“.
Портпаролката на Здружението на фрамери Меике Мике (53) изјави за германски „Билд“:
– Планиравме митинг со 1.000 учесници и 500 трактори, од кои 100 директно пред железничките работи.
Nähe Cottbus, Brandenburg 11.01.2024 pic.twitter.com/1581ntjCHH
— Conny (@conny204) January 11, 2024
Bundeskanzler Scholz kneift vor den Bauern und sagt seinen persönlichen Auftritt ab. #Cottbus pic.twitter.com/v3s2wiZhN7
— Junge Freiheit (@Junge_Freiheit) January 11, 2024
Überall stauen sich Hunderte Traktoren und LKWs für die #Bauernproteste in #Cottbus gegen die Ampel und #Scholz pic.twitter.com/BKVn1ShWX7
— Junge Freiheit (@Junge_Freiheit) January 11, 2024
„Канцеларот изгледа напнат: бледа кожа, длабоки кругови под очите, едната рака треба да ја држи другата. Расположението во земјава не го остави неповреден шефот на владата. Шолц одби да се појави на демонстрациите на фармерите пред фабриката“, пишува германски „Билд“.
Фабриката „Дојче Бан“ беше предизборно ветување на Шолц.
„Во рекордно време и, за еднаш, на време, железниците и владата го одржуваа својот збор: една милијарда евра и 1.200 нови работни места за регионот на Бранденбург богат со руда лигнит, регион кој се тресеше од последиците од фазата на јаглен“, пишува германскиот весник.