ЗЕМЈОДЕЛЦИ НЕ ДОБИВААТ БЕЛЕШКА И ЦЕНА ОД ОТКУПУВАЧИТЕ Левица апелира земјоделците да пријават неправилности
Од Лавица информираат дека до партијата стигнале голем број на поплаки поради откуп на земјоделски производи без кантарни белешки или, пак, без цена на нив.
Деновиве сме сведоци на многу варијации и манипулации со откупните цени на нашите земјоделски производи: младиот компир, кромидот, зелката, доматите, а во скоро време ќе почне бербата и на останатите производи како: бостанот, дињите, житото, реагира Левица откако до партијата стигнале поплаки од земјоделци дека не добиваат белешки за продаденото и цената.
Од партијата ги информираат земјоделците дека според Законот за земјоделство откупот на земјодлески производи го вршат само регистрирани откупувачи .
„Сакаме да ве информираме дека согласно Законот за земјоделство и рурален развој, член 31, откуп на земјоделски производи може да врши само регистриран откупувач кој мора да поседува баждарена вага. Исто така, многу важно, откупните цени за секој производ и класа мора да бидат истакнати на видно место на откупниот пункт и истите можат да се менуваат неделно“, се наведува во соопштението.
Од Лавица информираат дека до партијата стигнале голем број на поплаки поради откуп на земјоделски производи без кантарни белешки или, пак, без цена на нив.
„Сите вакви манипулации на откуп на производи без пишана цена на кантарната белешка земјоделците да ги пријавуваат во Левица, па откупувачите кои не работат согласно закон ќе бидат пријавени кај надлежните институции“, се вели во реакцијата.