Земјите од Западен Балкан најбрзо ќе ги добијат вакцините, обезбедени се 710 милиони евра

Нашата земја и ЕУ одлучија да воспостават план за помош на земјите надвор од Унијата, особено за западен балкан во висина од 9 милијарди евра.

757

Земјите од Западен Балкан најбрзо што може да добијат вакцини против коронавирус, рече вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, новиот француски амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.

– Нашата земја и ЕУ одлучија да воспостават план за помош на земјите надвор од Унијата, особено за Западен Балкан во висина од 9 милијарди евра. Тука има голем знак на солидарност кон овој регион од светот и мислам дека никој не дал повеќе, и потоа ќе кажам дека дури и денес комисијата со земјите членки се договорија за пакет 710 милиони евра наменети за земјите од западен балкан за да им помогнат. Најбрзо што може да ги добијат вакцините и сето она што значи условеност за да се добијат вакцините – потенцираше францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер.

Поврзани содржини