ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ЌЕ СЕ ПОСВЕТАТ НА ПАТИШТАТА Потпишан документ за нула јаглерод, електронски патарини, станици…
„Посветеност кон патиштата на иднината“ се однесува на развој на одржливи патишта со фокус на климатската отпорност на патната мрежа и воведување горива со нула јаглерод, воведување на интелигентен транспортен систем, интероперабилност на електронска наплата на патарина низ целиот регион , изградба на станици за полнење, промоција на алтернативни горива, зголемување на безбедноста на рамни премини и подобрување на безбедноста на ранливите категории учесници во сообраќајот.
Во Тирана денеска е потпишан документ „Посветеност на патиштата на иднината“ меѓу државите од Западен Балан.
Документот се однесува на инвестиции во модерна патна инфраструктура и промоција на алтернативни горива.
Документот беше потпишан за време на Самитот за патишта за Западен Балкан, организиран од Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој.