ЗЕМЈИТЕ ОД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ БАРААТ ПОМОШ ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Итно да запрат иранските напади врз цивилни цели

Земјите од Персискиот Залив истакнуваат дека неиспровоцираните напади, и покрај нивните уверувања до Техеран дека нивните територии нема да се користат за антиирански активности, бараат итно внимание.

0

Земјите од Персискиот Залив побараа итна дебата во Советот за човекови права на Обединетите нации во врска со нападите на Иран врз цивили и енергетска инфраструктура низ Блискиот Исток, покажуваат дипломатските документи.

Во дипломатска нота во која имале увид некои светски агенции, нападите со балистички ракети и дронови врз Бахреин, Јордан, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се опишани како „ситуација на сериозна загриженост за меѓународниот мир и безбедност“ со сериозни импликации за човековите права.






Земјите од Персискиот Залив истакнуваат дека неиспровоцираните напади, и покрај нивните уверувања до Техеран дека нивните територии нема да се користат за антиирански активности, бараат итно внимание.

Нацрт-резолуцијата предложена од земјите од Персискиот Залив ги осудува нападите и го повикува Иран веднаш да ги прекине нападите врз цивилната инфраструктура и комерцијалниот бродски превоз во Ормутскиот Теснец, како и да надомести за штетите врз цивилите, инфраструктурата и животната средина.

Советот на ОН го прими барањето и моментално разгледува датум за одржување на дебатата, според писмото од претседателот на Советот, Сидарт Реза Суриодипур.

Поврзани содржини