ЗЕМЈИТЕ ОД Г7 САКААТ ДА ГО ЗАУЗДААТ ЧАТ ГПТ Во мај во Хирошима ќе разговараат за ботот

294

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека лидерите на земјите од Г7 на состанокот во мај во Хирошима ќе разговараат и за системот за вештачка интелигенција ChatGPT.

За време на состанок со уредниците на јапонските регионални весници, Кишида рече дека „неопходно е да се создадат меѓународни правила“ за употреба на системи за вештачка интелигенција (ВИ).






Членовите на Европскиот парламент оваа недела ги повикаа светските лидери да организираат самит за контрола на развојот на системи за вештачка интелигенција.

Поврзани содржини