ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ ПРИМИЛЕ 4,3 МИЛИОНИ БЕГАЛЦИ ОД УКРАИНА Од сите одлуки за азил 98% се за Украинци
Најголем број од избеганите пристигнале во Германија, околу 1,2 милиони, потоа во Полска – 955.110, а прибежиште во Чешка побарале 369.330 луѓе.
Поради руската агресија врз Украина, речиси 4,3 милиони луѓе побегнале од Украина и добиле разни типови азил во земјите од Европската Унија сметано до 30 ноември 2023 година, соопшти Евростат.
Како што е наведено, според податоците, граѓаните на Украина претставуваат 98 отсто од корисниците на некој вид привремена заштита односно азил, од кои 46,3 отсто се жени и 33,3 отсто деца, додека мажите сочинуваат 20,4 отсто.
Најголем број од избеганите пристигнале во Германија, околу 1,2 милиони, потоа во Полска – 955.110, а прибежиште во Чешка побарале 369.330 луѓе.
Во Бугарија има 169.845 Украинци, во Романија 144.295, во Унгарија 33.720, Грција 26.675, Хрватска 22.900 и во Словенија – 8.710.
Руската агресија започна во 2022 година, како продолжение на руско-украинскиот конфликт од 2014 година. Нападот на Русија претставува најголемиот напад врз една држава во Европа по Втората светска војна.