ЗЕМЈИ СО КВИСЛИНШКО МИНАТО ГО ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ПРАВОТО НА ВЕТО Милчин вели дека ЕУ кренала раце од идеите на нејзините основачи

За жал, државите од Западен Балкан за ЕУ сѐ уште се географска периферија. Лидерите на земјите членки и бриселската бирократија очигледно ја игнорираат латинската поговорка дека историјата е учителка на животот, вели Милчин.

1,380

Европската Унија не научи ништо! Наместо научени лекции, крена раце од идеите на нејзините основачи и се блокираше себе воведувајќи право на вето, односно правило на едногласност кога станува збор за прием на нови членки. Тој принцип го злоупотребуваат земјите членки кои имаат квислиншко минато од Втората светска војна, а после тоа и неколку декади сталинистички ужас, вели режисерот Владимир Милчин во интервју за српскиот портал Аутономија.

Тој објаснува дека при тоа мисли на Бугарија, која, како што вели, вежба строгост и се обидува со уцени да го ретушира или барем да го нашминка своето не баш светло минато.






– За жал, државите од Западен Балкан за ЕУ сѐ уште се географска периферија. Лидерите на земјите членки и бриселската бирократија очигледно ја игнорираат латинската поговорка дека историјата е учителка на животот – вели Милчин.

Поврзани содржини