Словенија, која е актуелен претседавач со ЕУ, врши притисок врз Европската Унија да го прими целиот Западен Балкан до 2030. Унијата, пак е поделена околу потребата за ширење и брзината со која треба да се примаат земјите.
Словенија и предложила Унијата да се прошири на целиот Западен Балкан до крајот на деценијата, а тоа го изнесува во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, пишува Фајненшл тајмс.
Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, го дале пред три дена на состанокот на амбасадорите во Брисел и наишол на вџашеност кај другите земји -членки на Унијата.
Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот. Преговорите на Македонија со ЕУ се блокирани поради бугарското вето, пишува Фајненшл тајмс.