Земјава заедно со БиХ, Панама и Монголија се земји во кои корупцијата расте
Најдобри земји на глобално ниво според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија со 85 бода од 100.
Земјава се најде на 111 место од рангирани 180 земји на индексот за перцепција на корупција за 2020 година на Транспаренси Интеренешнл, што е најлошо рангирање од востановувањето на листата. Во однос на претходното рангирање тоа е пад од 5 позиции. На истата позиција со земјава се и БиХ, Панама и Монголија.
Според индексот за перцепција на корупцијата кој е не постар од две години земјава бележи нагло влошување на состојбата со корупцијата. Притоа за земјава нема промена во индексот, односно тој како и лани изнаеува 35.
Словенија од регионот има најдобра позиција во регионот со 60 бодови, по што следи Хрватска 47, Црна Гора 45, Србија 38 и Косово со 36 бодови.
Најдобри земји на глобално ниво според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска и Нов Зеланд со 88 бода, но и Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија со 85 бода од 100.
Најдолу на листата се најдоа Сирија, Сомалија и Јужен Судан.
Според извештајот пандемијата на Ковид-19 ја одбележа изминатата година, но и целосно го разоткри најтемното лице на корупција, чија цена граѓаните, за жал, ја плаќаат со својот живот.
„Институциите парализирани од корупцијата му дадоа приоритет на бескрупулозниот грабеж на јавни средства, на штета на обезбедувањето соодветна здравствена заштита“, се констатира во извештајот.