Земјава е во 4 фаза: 56 отсто зголемен бројот на нови случаи на ковид-19 за една недела

831

Земјава сѐ уште е во четвртата фаза на широко-распространета трансмисија на коронавирусот  во заедницата, со умерени капацитети за одговор, оценува во последниот Извештај  на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од  22 до 28 февруари 2021.

Во овој период се регистрирани сe 3 628 нови позитивни случаи на ковид-19  од  20 161 направени тестирања што е зголемување од 56,4 отсто во однос на претходната недела. Просечниот процент на  позитивност е 17,9 отсто.






Анализата покажува дека во поголем дел од земјата е зголемен бројот на новозаболени, а позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Прилеп, Неготино, Крива Паланка, Валандово и Богданци.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 1 675 со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000). Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7 отсто, просечно 17,9 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години или 911 случаи. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30до 39 вкупно 666, 40-49  (660),  50-59 (612 и 20-29 (530). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (61) и 10-19 години (188).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1 766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50 до 59 години, 3 лица на возраст  40-49 години и едно лице на возраст  30-39 години.

Заклучно со 28.02.2021, пријавени се вкупно 103.020 случаи на ковид-19  или 4,9  на 100 000 жители.

 

Поврзани содржини