ЗЕМЈАТА Е СТАВЕНА ВО ПОТЧИНЕТА СОСТОЈБА Мнозинството граѓани се против францускиот предлог и преговарачката рамка со ЕУ

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

939

Мнозинството граѓани – 55,7% се против преговарачката рамка која Владата ја договори со Европската Унија и сметаат дека со тоа земјава се става во потчинета положба, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето само 28,1% од испитаниците даваат поддршка за преговарачката рамка при што Македонците и Албанците имаат сосема различни ставови.






-Додека 70%отсто од Македонците се против преговарачката рамка, дури 75% Албанци даваат поддршка. За преговарачката рамка се само 13,2% од Македонците, додека против неа се само 11,5% етнички Албанци. Најмалку граѓани против преговарачката рамка има во Полошкиот регион, а најмногу во Вардарскиот без Скопје и на Југоистокот, покажуваат резултатите од испитувањето.

Граѓаните се поделени и околу можноста да се преговара за нова рамка.

– Од нив 37,1% сметаат дека тоа е можно, додека 36,4%, пак, сметаат дека репреговарање на преговарачката рамка не е опција. Тука нема некоја голема разлика меѓу ставовите на доминантните етнички групи. Кај Македонците 36,3% сметаат дека може, а 36,7 % дека не може повторно да се преговара за нова рамка. Кај етничките Албанци, 40,6% се на ставот дека е можно да се договори и нова преговарачка рамка, додека 34,9% дека не може – покажуваат резултатите од анкетата.

Близу две третини од граѓаните велат дека имаат доволно информации за францускиот предлог.

-Ваков став делат 59,1% од анкетираните, додека една третина или 33,9% рекле дека немаат доволно информации за преговарачката рамка. Македонците се подобро информирани од Албанците. Од етничките Македонци 66,2% рекле дека имаат доволно информации за францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето, додека 44,5% етнички Албанци велат дека не се доволно информирани – се гледа од анкетата.

На близу половина од граѓаните воопшто не им е позната разликата меѓу францускиот предлог и преговарачката рамка.

– Ваков став имаат 49,6% од анкетираните, додека 31,1% рекле дека ја знаат разликата. Од анкетираните 50,9% сметаат дека преговарачката рамка е на штета на македонските национални интереси и се согласуваат со тврдењето дека оваа преговарачка рамка ја става земјава во потчинета положба и претставува вовед во бугаризација, а само 21% се согласуваат со тврдењето дека преговарачката рамка ги зема предвид повеќето македонски барања и го гарантира македонскиот идентитет. Но Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивни ставови. Додека 62% од Македонците сметаат дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација, дури 54,4% од Албанците се на ставот дека преговарачката рамка го гарантира македонскиот идентитет – се истакнува во анкетата.

Најзагрижени дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација се повозрасните и граѓаните меѓу 30 и 39 годишна возраст. Најмала е загриженоста кај најмладите.

– Близу половина од граѓаните или 48,4% сметаат дека има многу дезинформации по ова прашање, додека 26,9 отсто велат дека нема дезинформации – се посочува во анкетата.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

Поврзани содржини