ЗЕМЈАТА ДЕНЕСКА ПОБРЗО ЌЕ ГО СВРТИ СВОЈОТ КРУГ Ова ќе биде еден од најкратките денови
Земјата денеска бележи еден од најкратките денови откако постојат прецизните мерења. Ротацијата на планетата ќе биде завршена 1,25 милисекунди пред вообичаеното време.
Денешното скратување е дел од поширок тренд на забрзување на ротацијата на планетата, кој беше забележан уште во 2020 година.
Според научниците кои го следат движењето на Земјата со помош на атомски часовници, слични отстапувања се забележани на 9 и на 22 јули, а рекордот е поставен на 5 јули 2024 година, кога денот бил пократок за дури 1,66 милисекунди.
Причините за забрзаната ротација сè уште не се целосно јасни, но има сомневања на промени во атмосферата, јадрото на планетата и влијанието на Месечината.
Доколку трендот продолжи, може да следи прва „негативна скок секунда“, односно одземање секунда од официјалното време, што може да предизвика проблеми во дигиталните системи низ целиот свет.