ЗЕМЈАТА ЈА ДОБИВА СВОЈАТА ЦРНА КУТИЈА Погледнете го колапсот на нашата цивилизација во реално време
Според Еј-Би-Си, неговата мисија ќе биде да го сними „секој чекор на човештвото“ кон климатска катастрофа и на тој начин да остави „запис“ за идните цивилизации кои што сакаат да дознаат што довело до исчезнување на нашата цивилизација.
Дали металниот монолит со големина на градски автобус кој снима како човештвото влијае на климатските промени навистина може да го промени правецот на политиката и да ја спаси планетата?
Неуништливата „црна кутија“ ќе биде изградена на гранитна површина на западниот брег на Тасманија во Австралија на почетокот на 2022 година.
Според Еј-Би-Си, неговата мисија ќе биде да го сними „секој чекор на човештвото“ кон климатска катастрофа и на тој начин да остави „запис“ за идните цивилизации кои што сакаат да дознаат што довело до исчезнување на нашата цивилизација.
Проектот го води компанијата за маркетинг комуникации „Clemenger BBDO“ во соработка со научници од Универзитетот во Тасманија и моментално е во таканаречена бета фаза, а на веб-страницата на проектот веќе се собираат податоци за чекорите што ги преземаме кон климатската катастрофа.
„Црната кутија“ ќе биде монолит со големина на градски автобус и изработена од челик со дебелина од 7,5 сантиметри, а на врвот ќе има соларни панели.
Во монолитот ќе има дискови за складирање податоци, кои ќе собираат податоци поврзани со климатските промени, како што се нивото на јаглерод диоксид во атмосферата или просечните температури.
Дополнително, користејќи го алгоритмот, тие ќе пребаруваат на Интернет за објави на социјалните мрежи и вести поврзани со климатските промени.
Авторите на проектот проценуваат дека меморијата во дисковите ќе се полни со податоци во следните 30 до 50 години, па затоа планираат да го прошират капацитетот за складирање за да овозможат подолгорочно решение.
Според Зимо, не е јасно како ќе се одржува објектот, односно како ќе се менуваат соларните панели, колку добро ќе се држат овие дискови за складирање податоци по повеќедецениска работа, како и колку самиот монолит ќе биде отпорен на вандализам и саботажа.
Имено, неговата положба е далеку од цивилизацијата и на неколку часа оддалеченост од најблискиот поголем град е едно од средствата за одвраќање, но дали ќе биде доволно?
Друго прашање што се поставува е дали сето ова е само многу паметен маркетинг потег или проектот ќе има опипливи придобивки.
Тинк-тенкот кој стои зад проектот смета дека нивната „црна кутија“ може веднаш да доведе до промени доколку политичарите и компаниите станат свесни дека нивните постапки се снимаат, што е крајно оптимистички поглед на иднината на проектот.
Споменатиот проект не е првиот што се обидува да го зачува природното наследство на нашата планета од судбината на цивилизацијата, без разлика дали тоа доаѓа од климатските промени или од други извори.
На далечниот север на Норвешка, постои огромна ризница на растителни семиња закопани под вечниот мраз, а Австралија има и своја замрзната „Ноева арка“ чиј потенцијал е потенцијално да спречи уникатната флора едноставно да исчезне од лицето на земјата.