ЗЕЛС БАРА ИТЕН СОСТАНОК СО ВЛАДАТА Претседателката Арсовска вели сметките за струја се петкратно зголемени

Според Арсовска, важно е да се постигне нормализирање на состојбите на подолг рок. Таа верува дека со соодветно субвенционирање или пак со соодветно покривање на дел од трошоците на разликата во цените на она што било пред кризата и сега од почнувањето на кризата, е можеби една од мерките која што би можела да биде преземена.

579

Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на цените на енергенсите.

Претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска на денешната пресконференција информираше за заклучоците од втората седница на Управниот одбор, која се однесуваше на разрешување на предизвиците со кои се соочуваат општините, предизвикани од енергетската криза, особено од драстичното зголемување на цената на електрична енергија.






Според Арсовска, важно е да се постигне нормализирање на состојбите на подолг рок. Таа верува дека со соодветно субвенционирање или пак со соодветно покривање на дел од трошоците на разликата во цените на она што било пред кризата и сега од почнувањето на кризата, е можеби една од мерките која што би можела да биде преземена.

Таа потенцираше дека сметките се зголемени за повеќе од пет пати, значи 500 проценти се зголемени трошоците за електрична енергија затоа што, како што рече, немаше заштита односно беше дозволено еднострано раксинување на договорите од страна на снабдувачите со електрична енергија.

– Еден од заклучоците е дека ќе се обратиме до Владата со што ќе побараме итен состанок на кој што би биле разгледани сите предлози кои произлегоа од вчерашната седница и како би изнашле заедничко решение кое најбрзо може да се преземе, а да се излезе во пресрет за да се разреши оваа криза од растот на цените на енергенсите на берзата – рече Арсовска.

Таа напомена дека на седницата било истакнато оти генерално општините имаат сериозни финансиски проблеми и оти навистина е потребна итна интервенција од страна на Владата со која би се превенирало дополнително продлабочување на кризата.

Исто така, еден од заклучоците од седницата е да се бара Владата заедно со Регулаторната комисија за енергетика да преземат мерки и да се санира состојбата.

– Тие издаваат лиценци за оваа намена до овој момент веруваме дека не е воспоставена контрола како што е случај во останатите земји, од каде имаме практики каде што има извесни огранилчувањеа на тоа колку може да се зголеми процентот на сумата на сметките за електрична енергија – рече Арсовска

Таа додаде дека општините се затекнати со долгови кои го оптоваруваат буџетот, а со оваа енергетска криза дополнително се отежнуваат состојбите и стануваат алармантни, ликвидноста има можност да биде значително нарушена, а како што додаде, можни се и рестрикции кои може да предизвикаат прекин во испораката на услугите кај граѓаните, особено во делот на јавните претпријатија.

Ќе биде побарано, како што додаде Арсовска, сериозно зголемување на стапката која што ќе се дотира од страна на централниот буџет на локалните самоуправи од собраниот ДДВ и од персоналниот данок на доход кој во овој момент и покрај тоа што имаше веќе извесни законски измени, според претседателката на ЗЕЛС, навистина премногу мал процент од овие приходи одат во локалните самоуправи, односно во општините.

– Зголемување на цената на електрична енергија, на природниот гас дополнително ја комплицира оваа ситуација во која се наоѓаат општините, а како дополнителен проблем се јавува и еднострано раскинување на договорите од страна на снабдувачите на електрична енергија, со тоа што единиците на локалната смаоуправа поради таа ситуација во најголем дел се веќе соочени со трошоци за електрична енергија кои се зголемени петкратно. Оваа ситуација мора да се стави под контрола – рече Арсовска.

Поврзани содржини