ЗЕЛЕНСКИ ЗА МАЛКУ ЌЕ БИЛ СМЕНЕТ ПО КАВГАТА СО ТРАМП ВО ФЕВРУАРИ? Џеј Ди Венс предложил, Залужни ја одбил понудата

Актуелниот украински амбасадор во САД и тогашен прв командант на Украина, Валериј Залужни, одбил да разговара со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс откако се консултирал со претседателскиот кабинет на Зеленски во Киев. Според извор близок до него, одбивањето било „принципиелен став“ и јасен сигнал за украинското единство.

675

Поранешниот командант на украинските вооружени сили, а сега украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, одбил телефонски повик од американскиот потпретседател Џеј Ди Вансс, објави „Гардијан“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Повикот следел само неколку дена по остриот судир меѓу претседателите на Украина и САД Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Белата куќа на 28 февруари. Тимот на Венс наводно сакал да испита кој би можел да го замени Зеленски на чело на државата.






Залужни одбил да разговара со Венс откако се консултирал со претседателскиот кабинет во Киев. Според извор близок до него, одбивањето било „принципиелен став“ и јасен сигнал за украинско единство.

Иако Залужни ужива голема популарност во јавноста и во армијата, тој постојано нагласува дека додека трае војната не размислува за избори. Анкети сепак покажуваат дека би бил главен ривал на Зеленски доколку се кандидира за претседател.

Поврзани содржини