ЗЕЛЕНСКИ ТВРДИ ДЕКА УКРАИНСКАТА ОФАНЗИВА Е УСПЕШНА Британски извештаи велат дека Русија се фокусира на Донбас

Украина минатата недела почна контраофанзива во јужниот дел на земјата, посебно во регионот на Херсон, што Русија го зазеде на почетокот од инвазијата.

6,744

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање до нацијата предупреди на тешка претстојна зима и извести за напредокот во контраофанзивата против руските сили. Тој им се заблагодари на украинската армија за заземање на две места во јужна Украина и едно во источниот дел на земјата.

Украина минатата недела почна контраофанзива во јужниот дел на земјата, посебно во регионот на Херсон, што Русија го зазеде на почетокот од инвазијата.






Во меѓувреме британското Министерство за одбрана во својот извештај наведе дека и покрај напорите на руската армија да ја запре украинската контраофанзива во јужниот дел на Украина, Русија е насочена кон освојување на Донбас.

Во извештајот се наведува дека политичката цел на операцијата Донбас речиси сигурно останува да се обезбеди целата Доњецка област, што ќе му овозможи на Кремљ да прогласи „ослободување“ на Донбас. Руските сили најверојатно повеќе пати ги пропуштија роковите за постигнување на таа цел.

Украинските власти тврдат дека руските силите сега имаат наредба да ја завршат оваа мисија до 15 септември 2022 година. Според британски разузнавачки податоци тое е малку веројатно да се постигне, што дополнително ги комплицира руските планови за одржување референдуми за присоединување на окупираните територии кон Руската Федерација.

Поврзани содржини