ЗЕЛЕНСКИ ТВРДИ ДЕКА ПУТИН ГО ЛИКВИДИРАЛ ПРИГОЖИН Украина имала информации за тоа?

„Факт е дека тој (Путин) го уби Пригожин, барем тоа го кажуваат податоците кои ги имаме, тоа исто така зборува за неговата состојба на расудување и за тоа дека е слаб’, рече Зеленски.

662

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на водачот на платеничката група „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Пригожин загина на 23 август во пад на приватен авион на лет меѓу Москва и Санкт Петербург.






Зеленски не изнесе ништо што би можело да го потврди тврдењето на прес-конференција во Киев, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.

– Факт е дека тој (Путин) го уби Пригожин, барем тоа го кажуваат податоците кои ги имаме. Тоа исто така зборува за неговата состојба на расудување и за тоа дека е слаб – рече Зеленски.

Поврзани содржини