ЗЕЛЕНСКИ ТВИТНА НА ФАРСИ Украинскиот лидер им се обрати директно на Иранците
Со објави на фарси, украинскиот претседател испрати пораки за руската инвазија, иранските дронови и новите безбедносни соработки на Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави два статуса на социјалната мрежа „X“ кои многумина ги сметаат за неразбирливи. Имено, Зеленски твитна на фарси.
Иако пораките, на прв поглед, можат да ги разберат главно Иранците, Зеленски испрати многу јасна порака до светот во врска со војната на Блискиот Исток, но и во Украина, како и односите меѓу Русија и Иран.
Во првата објава, Зеленски потсети како изгледал почетокот на инвазијата на Украина.
„Првата ноќ од тоталната војна започна со ракетни напади. Русија користеше сè што имаше: крстосувачки ракети, балистички ракети и секакви други ракети. Нè нападнаа од руска територија, како и од Белорусија. Беше целосно застрашувачко, но подоцна најдовме начини да ги пресретнеме ракетите и да ги заштитиме луѓето, енергетскиот систем и другата инфраструктура“, напиша Зеленски на фарси.
شب اول جنگ تمامعیار با حملات موشکی آغاز شد. روسیه از همه چیزهایی که داشت استفاده کرد: موشکهای کروز، بالستیک و انواع موشکهای دیگر. آنها از خاک روسیه و همچنین بلاروس به ما حمله کردند. این بسیار وحشتناک بود، اما بعدا ما راهی برای رهگیری موشکها و حفاظت از مردم، سیستم انرژی و…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 17, 2026
Како што вели во објавата, иранскиот режим, во меѓувреме, ја испорача првата пратка беспилотни летала Шахед во Русија – 1.000 беспилотни летала.
„Контактиравме со Иранците на ниво на разузнавачка агенција. Ги замоливме да не испорачуваат оружје на Русија. Бидејќи ако беспилотните летала Шахед убиваат наши цивили, иранскиот режим ќе стане сојузник на Русија, а ние им го кажавме тоа. Тие одговорија: ‘Не, не, ние не сме сојузници во ова. Само што продадовме една пратка беспилотни летала Шахед на Русите. Ќе бидат околу 1.200 или 1.300 беспилотни летала, и тоа е тоа. Нема да има повеќе испораки’. Но, тие излажаа. Тие не само што им предадоа илјадници беспилотни летала на Русите, туку им ја префрлија и лиценцата за производство на беспилотни летала Шахед. Тие ѝ помогнаа на Русија да изгради две фабрики за производство на беспилотни летала и, на почетокот, дури и самите ги пилотираа и ги обучија Русите“, тврди Зеленски во објавата.
Во последователна објава, Зеленски, исто така на персиски јазик, одговори на прашање за заканите на иранскиот режим против Украина поради поддршката на Киев за земјите од Заливот.
در پاسخ به سؤالی درباره تهدیدهای رژیم ایران نسبت به اوکراین بدلیل حمایت ما از کشورهای خلیج فارس:
هیچ چیز تازهای نیست. در چهار سال گذشته من اظهارات مختلف شنیدهام. برای ما مهم است که ایالات متحده و رهبران کشورهای خاورمیانه برای دریافت کمک در زمینه پهپاد های رهگیر به ما مراجعه…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 17, 2026
„Ништо ново овде. Во текот на изминатите четири години слушнав разни изјави како оваа. Она што е важно за нас е што САД и лидерите на земјите од Блискиот Исток се обратија до нас за помош со дронови-пресретнувачи. Тие се обратија до нас да ја искористиме нашата експертиза во воздушната одбрана. Воздушната одбрана не значи офанзивни способности. Затоа реков дека сме подготвени да ја обезбедиме оваа експертиза и овие одбранбени системи. Не се плашиме од такви изјави. Во текот на изминатите четири години, а всушност во текот на изминатите 12 години – слушаме вакви изјави секој ден. Ова не е ништо ново за нас“, вели Зеленски во објавата.