ЗЕЛЕНСКИ ТРГНУВА ПО ЕВРОПСКА, ТРАМП ПО РУСКА СОГЛАСНОСТ Планот за мир влегува во клучна фаза

Зеленски пристигна во Париз барајќи поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон, а утре ќе отпатува за Ирска. Украинскиот министер за одбрана треба да биде во Брисел на состаноци со НАТО. Виткоф, пак, се упати кон Москва за утрешниот состанок со Владимир Путин.

2

По американско-украинските разговори на Флорида, треба да се решат уште некои тешки прашања, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој сега ќе се обиде да собере сојузници во Европа, додека специјалниот пратеник на американскиот претседател треба да отпатува во Москва за да го информира Кремљ за преговорите.

Интензивираната дипломатија за ставање крај на најсмртоносниот европски конфликт во последните неколку генерации го премина Атлантикот, откако американски и украински функционери одржаа разговори во одморалиштето за голф изградено од специјалниот пратеник на Доналд Трамп и магнат за недвижности, Стив Виткоф.






Зеленски пристигна во Париз барајќи поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон, а утре ќе отпатува за Ирска. Украинскиот министер за одбрана треба да биде во Брисел на состаноци со НАТО. Виткоф, пак, се упати кон Москва за утрешниот состанок со Владимир Путин.

Киев и неговите европски сојузници вршат притисок врз Вашингтон да го измени предложениот американски мировен план, кој првично ги поддржуваше главните руски барања: Украина да се откаже од голема територија, да ја намали големината на својата армија, да се откаже од амбицијата за приклучување кон НАТО и да се забрани влез на западни сили на нејзина територија. Украина тврди дека тоа би претставувало капитулација и би ја оставило подложна на целосна окупација од Русија, која ја нападна во 2014, а потоа и во 2022 година.

„Има некои тешки прашања кои сè уште треба да се решат“, објави Зеленски на платформата Икс, најавувајќи полна агенда на состаноци низ Европа каде ќе се разговара за исходот од преговорите на Флорида. „Ќе биде многу содржаен ден“, рече тој.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, домаќин на разговорите во клубот Шел Беј на Виткоф во близина на Мајами, вчера рече дека Вашингтон е „реален за тоа колку е ова тешко, но оптимист, особено со оглед на фактот што постигнавме напредок“.

– Има уште работа. Ова е деликатно, истакна Рубио. – Има многу елементи и очигледно овде е вклучена уште една страна… која ќе мора да биде дел од равенката, а тоа ќе продолжи подоцна оваа недела кога господинот Виткоф ќе отпатува за Москва, рече американскиот државен секретар.

Интензивираните преговори се случуваат во време на тешка пресвртница за Киев, кој губи на фронтот и истовремено се соочува со најголемиот корупциски скандал во војната. Шефот на кабинетот на Зеленски, кој ја предводеше украинската делегација на мировните преговори, поднесе оставка во петокот откако истражителите на антикорупциската служба го претресоа неговиот дом. Двајца министри се сменети, а поранешен деловен партнер на Зеленски е прогласен за осомничен.

Доналд Трамп, кој вети брзо завршување на војната, изрази фрустрација што договорот изгледа недостижен.

Русија досега не покажа знаци на откажување од своите максималистички барања, додека нејзините сили бавно напредуваат на линијата на фронтот долга 1.200 километри.

Русија денеска соопшти дека нејзините сили зазеле уште една населба на истокот на Украина – Клинове во регионот Доњецк.

Русија секоја ноќ ги бомбардира украинските градови со напади од долг дострел, главно таргетирајќи ја енергетската инфраструктура. Најмалку три лица загинаа, а 15 беа ранети во руски напад врз украинскиот град Дњепар во текот на ноќта.

Украина возвраќа со напади од долг дострел врз рускиот извоз на нафта. Кремљ денеска ги осуди украинските напади врз рускиот терминал за извоз на нафта што го опслужува нафтоводот од Казахстан, како и нападите врз два танкера во Црното Море.

Поврзани содржини