ЗЕЛЕНСКИ САКА ДИРЕКТНО ДА ПРЕГОВАРА СО ПУТИН Подготвен е на компромис без предавство на земјата

Украинскиот претседател за германски Билд вели дека не може да открие детали од преговорите.

797

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека актуелниот конфликт во Украина може да се реши само преку директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.

– Сѐуште не можеме да зборуваме за детали. Сѐуште не сме имале директен контакт меѓу двајцата претседатели. Само по директни разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна. Не се работи за тоа што можам да дадам. Мојата цел на сите преговори е да се стави крај на војната со Русија – рече Зеленски во интервју за германски „Билд“.






На прашањето дали е подготвен да ја признае независноста на Донбас и Крим рече:.

– Подготвен сум да преземам одредени чекори за завршување на војната. Може да се направат компромиси, но тие не смеат да значат предавство на мојата земја. И другата страна треба да биде подготвена за компромиси.

Поврзани содржини