ЗЕЛЕНСКИ САКА ДА ГИ СЛУШНЕ ПРЕДЛОЗИТЕ НА ТРАМП Има шанси војната да заврши во 2025 година

Отворени сме за предлозите на лидерите на африканските, азиските и на арапските земји. Сакам да ги слушнам предлозите на новиот претседател на САД, рече претседателот на Украина Володимир Зеленски.

764

Претседателот на Украина Володимир Зеленски верува дека има шанси војната да заврши во 2025 година.

– Што се однесува до кога ќе заврши војната… Тогаш, кога Америка ќе има посилна позиција. Тогаш, кога Глобалниот југ ќе биде на страната на Украина и на страната на завршување на војната. Сигурен дека порано или подоцна сите овие дејствија ќе се случат и дека ќе се донесат одлуки. Ќе биде тежок пат, но сигурен сум дека ги имаме сите шанси да го направиме тоа следната година – речеЗеленски во разговор со странски медиуми во рамките на третата меѓународна конференција за безбедност на храната „Жито од Украина“.






Тој прецизираше дека постојат соодветни чекори за ставање крај на војната содржани во украинската мировна формула, но во исто време разбира дека Русија нема да ги преземе сите овие чекори.

– Отворени сме за предлозите на лидерите на африканските, азиските и на арапските земји. Сакам да ги слушнам предлозите на новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Мислам дека ќе ги видиме веќе во јануари и ќе имаме план да стави крај на оваа војна – рече Зеленски.

Зеленски додаде дека сите чекори што ги презема Киев се засновани на Повелбата на ОН.

Поврзани содржини