ЗЕЛЕНСКИ ПРАВИ ЧИСТКА ВО ВОЕНИТЕ СЛУЖБИ Покренати 120 кривични постапки, смена на одговорните за регрутација

Со овој систем треба да управуваат луѓе кои точно знаат што е војна и зошто цинизмот и поткупот за време на војна се предавство - рече Зеленски.

672

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржа состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, на кој посебно се осврна на работата на регионалните лидери на украинската воена служба за регрутирање.

Тој истакна дека веќе се водат 112 кривични постапки против функционери во повеќе ресори и дека најдобро решение за овој проблем е разрешување на сите регионални раководители.






-Со овој систем треба да управуваат луѓе кои точно знаат што е војна и зошто цинизмот и поткупот за време на војна се предавство – рече Зеленски.

Украинскиот претседател посочи дека воената служба за регрутација треба да им биде доверена на оние кои го поминале фронтот и го зачувале своето достоинство.

-Наместо тоа треба да им се довери на војниците кои го поминале фронтот или кои не можат да бидат во рововите затоа што настрадало нивното здравје, затоа што изгубиле екстремитети, но го зачувале своето достоинство и не се циници – истакна Зеленски.

Поврзани содржини