ЗЕЛЕНСКИ ПОДГОТВЕН ЗА СРЕДБА СО ПУТИН, ТРАМП ОПТИМИСТ На маса ќе бидат нуклеарната централа Запорожје и украинските територии
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига вели дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е подготвен за лична средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која двајцата ќе ги решат најчувствителните прашања од мировниот план.
Многу добри работи се случуваат во разговорите меѓу Украина и Русија за ставање крај на војната, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој ја даде оптимистичката проценка додека ја напушташе Белата куќа за посета на Ајова, но не соопшти дополнителни детали.
Преговарачите од Русија и Украина се состанаа минатиот викенд во Абу Даби на разговори посредувани од американски претставници.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига вели дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е подготвен за лична средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која двајцата ќе ги решат најчувствителните прашања од мировниот план – териториите и нуклеарната централа Запорожје.
Тој истакна дека Украина чека на потпишување на мировниот план од 20 точки, доколку се постигне договор, бидејќи двете најчувствителни прашања остануваат нерешени.
– Токму за да се решат овие прашања, претседателот е подготвен да се сретне со Путин и да разговара за нив. Сепак, Русија продолжува да биде пречка за мировниот процес – рече Сибига во интервју за „Европска правда“.
Како одговор на прашањето кој го одложува мировниот план и каков ќе биде статусот на овој документ, министерот Сибига објасни дека рамката од 20 точки во моментов е билатерален документ што сè уште не е потпишан од САД и од Украина.
– А со Русија ќе го потпишат Соединетите Американски Држави. Во моментов, ова е структурата што се дискутира, но преговорите сè уште се во тек. Ова е процес. Во исто време, европската страна нè поддржува, таа е присутна во мировниот процес и во договорите за безбедносни гаранции – истакна тој.
Зеленски претходно изјави дека Путин не сака да ја заврши војната, но дека руската армија и економија се многу исцрпени.