ЗЕЛЕНСКИ ПЛАНИРА ДА РЕГРУТИРА МЛАДИ ОД 18 ГОДИНИ Тоа може да предизвика граѓанска војна во Украина

Пратеникот на Врховната Рада, Александар Дубински на својот канал Телеграм предупредува дека граѓаните нема да дозволат регрутација на нивните деца.

294

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе се соочи со сериозен отпор доколку се обиде да ја намали долната граница за мобилизација на 18 години, а вработените во воените центри за регрутирање би можеле да станат цел на напади, изјави пратеникот на Врховната Рада, Александар Дубински на својот канал Телеграм.

„ Доколку Зеленски се обиде да го намали прагот на мобилизација на 18 години, граѓаните ќе го соборат од власт. Притоа, во војска нема да влезе некој нов, бидејќи младите ќе бегаат и побрзо од постарите“, напиша Дубински.






Тој предупреди и дека вработените во воените регрутни центри се во сериозна опасност.

„Оние кои денес имаат 45-50 години ќе убиваат регрутери за да ги заштитат своите синови. И така, порано или подоцна ќе стигне и до самиот Зеленски“, додава Дубински.

Според Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), САД побарале од Зеленски итно да ја намали минималната возраст за мобилизација на 18 години. Според СВР, Киев веќе ја подготвил оваа одлука и таа наскоро ќе биде усвоена.

Поврзани содржини