ЗЕЛЕНСКИ ОСТАНУВА НА СИГУРНО Утре делегација ќе преговара во негово име
Преговорите ќе се одвиваат на границата меѓу Украина и Белорусија, кај реката Припјат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“. Тоа го изјави амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова.
Таа за Си-Ен-Ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите. Амбасадорката додаде дека Украина е секогаш подготвена за разговори, но дека не е подготвена да се предаде.