ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ СРЕДБА СО ГУТЕРЕШ Не сака „понижување“ по средбата на Гутереш и Путин

По Казан, тој (Гутереш) сакаше да дојде во Украина, но претседателот не го потврди тоа поради „понижувањето“ што му е нанесено на меѓународното право во Казањ, изјави висок претставник на украинското претседателство.

410

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш за посета на Киев поради неговото присуство на средбата на БРИКС во рускиот град Казан.

– По Казан, тој (Гутереш) сакаше да дојде во Украина, но претседателот не го потврди тоа поради „понижувањето“ што му е нанесено на меѓународното право во Казањ – изјави висок претставник на украинското претседателство.






Гутереш вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во рамките на самитот на БРИКС, на кој учествуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН повторно ја изразил својата „позиција дека руската инвазија на Украина“ е „нарушување“ на меѓународното право, според изјавата на неговиот портпарол.

Засега Кремљ нема дадено информации за разговорот зад затворени врати.

Пред средбата со Путин, Гутереш повторно повика на праведен мир во Украина пред учесниците на форумот БРИКС. Уште пред оваа билатерална средба, Киев остро го критикуваше „лошиот избор“ на Гутереш да го посети Казан, оценувајќи дека тоа „само ја наруши репутацијата на ОН“.

 

Поврзани содржини