ЗЕЛЕНСКИ НЕ РАЗГОВАРАЛ СО ВЕНС ОД КАВГАТА ВО БЕЛАТА КУЌА Украинскиот претседател има проблеми и во комуникацијата со Виткоф

Ги повикав сите советници за безбедност и сите беа подготвени да се вклучат во разговорите, но, се чини дека нешто заглави кај Виткоф, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски.

308

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не разговарал со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс од февруари, односно од жестокиот вербален конфликт за време на состанокот во Овалната соба во Белата куќа, на кој беше присутен и претседателот Доналд Трамп.

Во интервју за германскиот „Шпигел“, Зеленски зборуваше и за проблемите во комуникацијата со Стив Виткоф, американскиот претставник кој е активно вклучен во преговорите меѓу САД, Украина и Русија.






– Ги повикав сите советници за безбедност и сите беа подготвени да се вклучат, но се чини дека нешто запна со Виткоф. Не разговарав со него телефонски. Мојот тим се сретна со него во Париз, а разговараше и шефот на мојата канцеларија, Андриј Јермак – рече Зеленски.

Поврзани содржини