ЗЕЛЕНСКИ МУ КАЖА „НЕ“ НА ТРАМП Годишнината од војната не е ден за избори

Украина е во воена состојба од 24 февруари 2022 година. Уставот не дозволува избори во такви услови. Зеленски повтори дека прекин на огнот и јасни гаранции се предуслов за гласање. Вашингтон од Киев бара одржување избори до 15 мај и референдум за мировен договор со Русија.

480

Годишнината од руската инвазија нема да стане изборен ден. Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно порача дека 24 февруари нема да биде датум за распишување претседателски избори. Со тоа директно одговори на очекувањата од администрацијата на Доналд Трамп, кои ги објави „Фајненшл Тајмс“.

Одлуката ја објави на својата мрежа Икс. Тонoт беше цврст. Пораката јасна.

„24 февруари е посебен датум. Дури и ако постои намера да се направи чекор кон избори, би било глупаво да се зборува за политика тој ден. Тоа се четири години војна. Луѓе ја бранеа земјата и ги дадоа своите животи. Не можам да го искористам 24 февруари за избори“, напиша Зеленски.

„Прво безбедносни гаранции, потоа избори“, напиша претседателот на Икс.

Украина е во воена состојба од 24 февруари 2022 година. Уставот не дозволува избори во такви услови. Зеленски повтори дека прекин на огнот и јасни гаранции се предуслов за гласање.

„Фајненшл тајмс“ објави дека администрацијата на Трамп очекува избори до 15 мај. Истовремено, да организира и референдум за можен мировен договор со Москва. Според истиот извештај, безбедносните гаранции од САД би зависеле од исполнувањето на тој рок.

Планот предвидува договор меѓу Киев и Москва до крајот на јуни. Целта е мировен процес со видлив исход напролет.

Аналитичарите исто така велат дека планот на Трамп е војната да заврши 13 дена пред таканаречените „среднорочни“ избори во Соединетите Американски Држави.

Зеленски претходно за „ФТ“ објаснил дека Вашингтон сака „јасен план и распоред“. Но, сега стави сопствена црвена линија.

 Украински функционери порачуваат дека безбедноста е предуслов.

„Ако Русите секојдневно убиваат луѓе, како можеме сериозно да размислуваме за избори во наредните недели? Никој не е против избори, но мора да има безбедност“, соопштиле од Кабинетот на Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин повторува дека нема да се откаже од регионот Донбас. Русија и по 4 години војна нема целосна контрола над Донбас.

Поврзани содржини