ЗЕЛЕНСКИ МОЛЕЛ ЗА ЗАТВОРЕНО НЕБО, СЕ ПОВИКАЛ НА ВОЈНАТА ВО БиХ? Еве што му одговорила Алијансата во 2022 година

Поранешниот генсек на НАТО вели дека украинскиот лидер се повикал на примерот на Босна и Херцеговина, кога НАТО воспостави воздушна контрола за време на конфликтот во поранешна Југославија. НАТО експресно ја одбил идејата за воздушна конфронтација со Русија.

524

Во најтешките денови од февруари 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повикал тогашниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг од бункер во Киев и го молел да воспостави зона на забранет лет над Украина. Столтенберг сведочел дека барањето било одбиено, јави британскиот „Тајмс“.

– Зеленски ме повика од бункер, на само неколку километри од руските тенкови. Рече: Прифаќам дека нема да пратите копнени сили, иако не се согласувам, но ве молам затворете го небото над Украина – изјавил Столтенберг.






Тој потсетил дека Зеленски се повикал на примерот на Босна и Херцеговина, кога НАТО воспостави воздушна контрола за време на конфликтот во поранешна Југославија.

Меѓутоа, Столтенберг објаснил дека таков потег би значел директен судир меѓу алијансата и Русија.

– Разбирам зошто го барате тоа. Но ако НАТО затвори украинско небо, ќе мораме да ги уништиме руските противвоздушни системи во Белорусија и Русија. Тоа значи директна војна меѓу НАТО и Москва, а ние не сакаме тоа да се случи – рекол поранешниот генерален секретар.

Од друга страна, Москва уште во септември предупреди дека секоја зона на забранети летови би значела отворен воен судир со Западот. Заменикот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ја нарекол идејата „провокација“, а амбасадорот во Брисел Денис Гончар изјавил дека таквите барања претставуваат „директно поттикнување на војна меѓу НАТО и Русија“.

Во јули 2024 година, портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател изјавил дека САД не се подготвени да разговараат за воспоставување зона на забранети летови над Украина.

Поврзани содржини