📽 ЗЕЛЕНСКИ ГО НАРЕЧЕ ПУТИН, А ХАРИС ЈА НАРЕЧЕ ТРАМП Нови гафови на Бајден на самитот на НАТО

Присутните во салата на самитот воздивнаа кога Бајден погрешно го претстави украинскиот претседател Володимир  Зеленски како Путин, а реакцијата на Зеленски кажува се.

2,117

Американскиот претседател Џо Бајден не запира да реди гафови. Вчера на самитот на НАТО во Вашингтон по грешка го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски  „претседателот Путин“, па се поправи.

– И сега сакам да му го предадам на претседателот на Украина, кој има храброст колку што има одлучност. Дами и господа, претседателе Путин -рече Бајден, мислејќи на Зеленски, а потоа се поправи.






– Ќе го победам претседателот Путин.

Присутните во салата на самитот воздивнаа кога Бајден погрешно го претстави Зеленски како Путин, а реакцијата на Володимир Зеленски која кажува сè.

По гафот со Зеленски, американскиот претседател Џо Бајден погрешно ја идентификуваше потпретседателката на САД Камала Харис како поранешниот претседател Доналд Трамп за време на неговата прес-конференција вчдера како дел од самитот на НАТО.

– Видете, јас немаше да ја изберам потпретседателката Трамп за потпретседател ако таа не беше квалификувана да биде претседател. Затоа, да почнеме од таму“ – рече Бајден за време на неговата прес-конференција.

Потоа тој зборуваше за кариерата на Харис како сенаторка и обвинителка пред таа да стане потпретседател, одговарајќи на новинарско прашање. Тој, исто така, истакна дека таа направила добро во застапувањето за репродуктивните слободи на жените во изминатите четири години.

-Таа е квалификувана да биде претседателка. Затоа ја избрав неа – рече Бајден.

Поврзани содржини