ДАЛИ ГЕРМАНИЈА СТОИ ЗАД НАЈОПАСНАТА ОДЛУКА ВО ЕВРОПА? Зеленски го држи Мерц за збор за ракетите „Таурус“
Мерц и Зеленски објавија дека денес ќе бидат потпишани документи меѓу Украина и Германија за почеток на финансирање на нови проекти за производство на оружје во Украина, објави УНИАН.
Украина сè уште се надева дека Германија ќе испорача оружје со долг дострел, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Зеленски најави дека ќе се разговара за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ од германско производство.
Мерц истакна дека Германија и Украина имаат за цел заеднички да произведуваат оружје со долг дострел, но одби да се изјасни дали ќе одобри испорака на ракетите „Таурус“ во Украина, барање што неговиот претходник Олаф Шолц постојано го отфрлаше.
Тој најави дека германскиот и украинскиот министер за одбрана треба да потпишат писмо за намера за „набавка на системи за оружје со долг дострел од украинско производство“.
– Тоа претставува почеток на нова форма на воено-индустриска соработка помеѓу нашите земји, која има голем потенцијал – истакна Мерц.
Мерц и Зеленски објавија дека денес ќе бидат потпишани документи меѓу Украина и Германија за почеток на финансирање на нови проекти за производство на оружје во Украина, објави УНИАН.
– Кога зборуваме за нова вооружена поддршка за нашата армија, за поголем дострел за нашата армија, зборуваме за тоа како да ги направиме руските офанзивни дејства бесмислени. Додека (рускиот претседател Владимир) Путин очекува свои офанзиви, напади, рации, тој ќе избегнува вистинска дипломатија. Затоа ни е потребна понатамошна одбранбена соработка меѓу сите во Европа и Европа со Соединетите Американски Држави. Затоа ни е потребен доволен дострел – рече Зеленски.
Зеленски, кој е во прва посета на Берлин откако Мерц стана канцелар, предвидено е денеска да се сретне и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Тој посочи дека договорите со Германија предвидуваат заедничко производство на оружје, за што не сакаше да открие детали.
– Нема јавно да ги откриеме сите детали, но денес имаме договори за инвестирање во производство во Украина. Прво на сите, во оружје – ова е производство на беспилотни летала, што ни овозможува најефикасно да ги заштитиме животите на нашите војници.
Зеленски треба да се сретне и со претставници на бизнис-секторот на Германија.