КРАЈ НА ВОЈНАТА НАСКОРО НЕМА ДА ВИДИМЕ Зеленски е ѕвезда само во Минхен, вели Вучиќ

Српскиот претседател од Минхен предупреди дека прашањето за територијата меѓу Москва и Киев останува нерешлив. Во исто време тој најави засилување на соработката со Кина и отвори прашања за европската безбедносна архитектура.

98

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од говорницата на 62. Минхенска безбедносна конференција испрати песимистичка порака за исходот од војната во Украина.

– Се плашам дека нема да видиме крај на војната во Украина наскоро. Клучните проблеми се во териториите, Русите сакаат напишано на хартија дека нешто е нивно, а Украина не го сака тоа – изјави Вучиќ.






Вучиќ оцени декам „само тука во Минхен украинскиот претседател Володимир Зеленски е ѕвезда“. Според него, територијалното прашање останува клучна точка на судир и најголема пречка за евентуален мировен договор.

Говорејќи за настапите на европските лидери, Вучиќ посочи дека германскиот канцелар Фридрих Мерц зазел остар став кон Москва.

– Многу силно против Русија, до тој степен што бев малку изненаден. Тие силно ја поддржуваат Украина – рече српскиот претседател.

Според него, Мерц зборувал за создавање силна Европа и за амбицијата Германија да стане најсилната армија на континентот. Истовремено Мерц изразил негативен став кон Виктор Орбан, надевајќи се на пораз на избори.

Вучиќ вели дека ставот на германскиот канцелар бил јасен – разговори со Владимир Путин не треба да има додека Русија не биде целосно исцрпена.

Претседателот на Србија откри и дека разговорот со Антонио Кошта не бил лесен.

– Поставив прашања во врска со воениот сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб – рече Вучиќ, додавајќи дека очекува одговори пред да се преземат понатамошни чекори.

Српскиот претседател од Минхен најави и засилување на соработката со Кина.

– Важно е да го поттикнеме технолошкиот напредок во областа на роботите и вештачката интелигенција – нагласи тој.

Тој посочи дека ќе има средби со премиери, претседатели и влијателни политички фигури, како и разговор со Жељка Цвијановиќ.

Поврзани содржини