АКО ЗЕЛЕНСКИ Е СОНУВАЧ, ОРБАН БЕЉАЏИЈА, А МАКРОН… Вака би изгледало „матурското табло“ на 28 најмоќни политичари во Европа

А Макрон? Тој е опишан како „Емануел 'Ману' надвор од окови“, во смисла дека ја „испоти“ Германија со своите ставови за нуклеарната енергија и за трошењето на владите, а притоа дома ги протна контроверзните политики за пензионирање поради кои илјадници луѓе во Франција излегоа на протести.

349

Бриселскиот медиум „Политико“ ги дели политичарите во Европа на моќници, сонувачи, бељаџии и  работници, политичари кои прават нешто. Порталот дава топ листа на 28 највлијателни политичари на континентот, но на листата наречена „матурско табло за 2024 година“ нема ниту еден од Балканот. Притоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски е означен како најголем сонувач, Доналд Туск како апсолутен број 1 и „ветер на промените“, десничарката Џорџа Мелони како најголема работничка, после која доаѓа Урсула Фон Дер Лајен, а дури потоа Емануел Макрон.

Меѓу бељаџиите за прва е ставена Елвира Набулина, шефицата на Централната банка на Русија која е опишана како „банкарката на Путин“, по неа каталонскиот политичар Карлос Пучдемон, а потоа доаѓа Виктор Орбан од Унгарија, опишан како „расипувач на забавите“.






Причината зошто Туск е ставен како апсолутен најмоќен политичар е затоа што како центрист тој може да ја одвлече Полска од суверенистичката политика на Матеуш Моравјецки и со тоа, на некој начин, да ја обедини сега разединетата „подесничарена“ Европа. Урсула Фон Дер Лајен, во „матурското табло“ го има прекарот „Кралицата“ затоа што во последно време влечела одлуки без да ги праша другите држави во Унијата…

А Макрон? Тој е опишан како „Емануел ‘Ману’ надвор од окови“, во смисла дека ја „испоти“ Германија со своите ставови за нуклеарната енергија и за трошењето на владите, а притоа дома ги протна контроверзните политики за пензионирање поради кои илјадници луѓе во Франција излегоа на протести.

По Зеленски во Европа најголеми сонувачи се рускиот опозицинер кој лежи во затвор, Алексеј Навални, па Жералд Дарманин и Роберта Мецола. За секој политичар има посебен текст, како што тоа се прави со алманахот во средните училишта. Во текстот за Зеленски тој е спореден со историски личности како Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела и Винстон Черчил. Објаснето е какви сè коментари даваше Зеленски во обраќањата до западните земји на кои почнал „да им држи лекции“ и опишани се различните несогласувања околу испораката на оружје кои „зовреле“ на самитот во Вилниус, но и на други бројни средби кои украинскиот претседател ги имаше во западниот свет.

За италијанската премиерка Џорџа Мелони, која е најработливата според Политико, опишани се цврстите политики и промени кои ги води таа дома во Италија. Промени во уставот, забрана за бракови од ист пол, забрана за рејв-забави, нејзините неуспешни планови да го напушти еврото…и како со холандскиот премиер Марк Руте се мачеа за договор со Тунис за да се намали бројот на мигранти.

Листата на „Политико“ не е дефинитивна и уште постои можност за гласање на топ 28 на нивниот сајт. Највлијателниот политичар ќе биде објавен во 9 часот по централно европско време, обзнани Политико на Икс. Се вели дека ќе има настан, а на настанот збор ќе земат Урсула Фон Дер Лајен, Манфред Вебер од ЕУ, но и Тони Вест, заменик претседателот на компанијата за такси „Убер“.

 

Поврзани содржини