ЗЕЛЕНСКИ ДА НЕ ЈА ПРОМАШИ ШАНСАТА ЗА МИР Трамп уверува дека Русија сака спогодба
Русија сака да постигне договор и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори, изјави претседателот на САД за новинарите во Белата куќа, објави Ен-Би-Си Њуз.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја пропушти својата шанса за мир ако „не дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор.
– Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори – изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави Ен-Би-Си Њуз.
Се очекува американските, украинските и руските претставници да одржат уште една рунда разговори на почетокот од следната недела во Женева, според американската телевизија.
Трамп го повтори своето предупредување дека Иран ќе се соочи со последици ако разговорите за неговата нуклеарна програма не успеат.
– Мислам дека ќе бидат успешни. А ако не бидат, тоа ќе биде лош ден за Иран – рече Трамп.