ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПУТИН ДА НЕ ПОСТАВУВА „НЕПОТРЕБНИ“ БАРАЊА Украинскиот лидер потсети на заложбите за мир
(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да престане да поставува непотребни барања кои само ја продолжуваат војната и мора да почне да го исполнува она што му го ветува на светот, им рече украинскиот претседател на европските лидери преку видеоповик.
Русија мора да престане да поставува „непотребни барања“ кои ја одолговлекуваат војната, им порача украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видеоповик на лидерите на ЕУ, јавува Би-Би-Си.
– Путин мора да престане да поставува непотребни барања кои само ја продолжуваат војната и мора да почне да го исполнува она што му го ветува на светот – рече Зеленски.
Украинскиот лидер го повика светот да продолжи со притисокот врз Путин бидејќи „еден момент тие даваат збор, а неколку часа подоцна тоа не значи апсолутно ништо“.
Зеленски, исто така, рече дека санкциите против Москва мора да останат на сила „додека Русија не почне да се повлекува од нашата земја и додека целосно не ја надомести штетата предизвикана од нејзината агресија“.
Тој претходно рече дека ништо не се сменило и покрај заложбите на Путин за ненапаѓање на енергетските постројки коментирајќи го последниот руски напад врз украинската струјна инфраструктура.
Украинскиот претседател во моментот е во посета на Норвешка каде што држи прес-конференција со норвешкиот премиер Јонас Гар Стор.
Прашан како би можел да изгледа прекинот на огнот тој рече дека првиот предложен чекор бил прекин на огнот по копно и по море, бидејќи Украина гледа на тоа како единствен начин да се запре руската агресија.