ЗЕЛЕНСКИ БАРА ДАТУМ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА УКРАИНА ВО ЕУ Членството во Унијата е гаранција за безбедноста на цела Европа

Украина ќе направи сè за да биде технички подготвена за влез во Европската Унија до 2027 година, вели уУкраинскиот претседател Володимир Зеленски.

75

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика секој мировен договор за ставање крај на војната во Украина да вклучува конкретен датум за пристапување на земјата во ЕУ.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски веки дека Украина „ќе направи сè“ за да биде „технички подготвена“ за влез во Европската Унија до 2027 година и оти земјата ќе ги исполни главните чекори кон членството.






„Сакам конкретен датум“, напиша тој.

Зеленски предупреди дека ако договорот, кој треба да го потпишат САД, Русија, Украина и Европа, не содржи специфичен датум за пристапување, Русија ќе работи на блокирање на процесот – индиректно, преку одредени европски претставници, наместо да дејствува сама.

Тој го опиша членството во ЕУ како безбедносна гаранција за Украина, нагласувајќи ја потребата од конкретни детали со фиксна временска рамка.

Зеленски од минатиот месец притиска за пристапување на Украина во ЕУ во 2027 година и покрај скептицизмот кај некои европски земји. Тој тогаш рече дека членството на Украина во ЕУ би било една од клучните безбедносни гаранции „не само за Киев, туку и за цела Европа“.

 

Поврзани содржини