ЗЕЛЕНСКИ ЈА ОТКРИ ВИСТИНАТА Воената помош од САД за Украина не е прекината

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена.

445

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не ја прекинале воената помош за Украина откако новоименуваниот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена.

Зеленски не прецизираше дали хуманитарната помош за неговата земја е прекината. Украина се потпира на САД за 40 отсто од своите воени потреби.






– Фокусиран сум на воената помош. Таа не е запрена – рече вчера украинскиот претседател на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.

Поврзани содржини