ЗЕЛЕНА БИТОЛА Поинаку ветува субвенции за битолчани зашто се жртва за целата земја да има струја

Битола ја снабдува 75% Македонија со струја, Битола е со најголем број заболени од малигни неоплазми и Битола сѐ уште нема филтри на РЕК, нагласуваат од Поинаку. 

262

Со проектот „Gо green“ Битола ќе биде зелена, секоја површина со кал наскоро ќе биде посеана со трева, сите дрвореди обновени, парковите пред зградите зелени, порачаа денеска кандидатите за советници од Поинаку.

– Секој битолчанец ќе има можност да учествува во најголемиот зелен проект на Битола, во соработка со јавните претпријатија, Општината ќе обезбеди разновидни садници и семе за трева за сите заинтересирани граѓани. Нов градски парк со локација во Нова Битола, односно Брусничко-Лавчанска населба, затоа што со проширувањето на градот се наметна и потребата за изградба на нови паркови каде ќе бидат поставени забавно-рекреативни елементи за најмладите – велат од Поинаку.

Нивната програма предвидува изградба и реконструкција на тротоари, поставување заштитни столбови околу зелените површини и огради на кружните текови.






– Немаме доволно тротоари и зелени површини, а и тие што ги има се оштетени, со дупки, земја и кал и во најголем дел се узурпирани за друга намена. Со редовно одржување ќе ги вратиме тротоарите во служба на пешаците, а зелените површини ќе останат зелени. Ќе покренеме иницијатива за измена на закон со кој битолчани ќе добијат поевтина (субвенционирана електрична енергија) поради последиците кои ги трпат и жртвите кои Битола ги дала и ги дава за цела Македонија да има непречено снабдување со електрична енергија. Битола ја снабдува 75% Македонија со струја, Битола е со најголем број заболени од малигни неоплазми и Битола сѐ уште нема филтри на РЕК – нагласуваат од Поинаку.

 

Поврзани содржини