„Зелен хуман град“ бара вонреден инспекциски надзор за ДУП-от кај Холидеј Ин

Граѓанската иницијатива смета дека е прекршен членот 35, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, со тоа што, се дозволува да се применува детален урбанистички план, кој е спротивен на генералниот урбанистички план.

158

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ денеска во архивата на Инспекцискиот совет поднесе претставка за вонреден инспекциски надзор против градење на висококатниците на паркингот спроти „Холидеј Ин“.

Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ изјави дека претставката се темели на стручните аргументи кои беа во елаборатите за суспензија изработени од стручните служби на Општина Центар. Изработена е од нивниот стручен тим од урбанисти, експрети и правници, врз основа на законските прекршувања кои произлегуваа од тие стручни аргументи.






Според Граѓанската иницијатива  прекршен е членот 35, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, со тоа што, се дозволува да се применува детален урбанистички план, кој е спротивен на генералниот урбанистички план.

Велковска смета дека со прекршувањето на Законот за урбанистичко планирање претставува е прекршен и  Законот за градење, односно  неговиот член 3, каде што, како што вели, е потребно неопходно да се исполнат услови од сите останати прописи за градбата која се планира да се гради, да биде во рамки на законите.

 

Поврзани содржини