ЗЕЛ МИТО ОД 20.000 ЕВРА ЗА ДА СМЕСТИ ПАЦИЕНТ? Приведен директорот на Геријатрија, Мусхин Арифи
Приведени се 2 лица под сомнение за кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание, соопшти Јавното обвинителство.
Приведен е директорот на специјализираната болница за геријатрија , Мухсин Арифи, под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент. Поткупот го зел за да се смети во установата болно и неподвижно лице, а се шпекулира за сума од 20.000 евра.
„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се 2 лица, под сомнение за кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот“, соопшти Јавното обвинителство.
Информацијата за приведувањето на 2 лица ја потврди и полицијата.
На Клиниката за геријатрија „13 Моември“ се примаат возрасни пациенти во најтешка здравствена состојба.
Арифи претходно беше директор на Психијатриската болница во Бардовци.