Ѝ ЗЕЛ 6.000 ЕВРА ЗА ДА Ѝ ФАТИ ВРСКИ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО!? Кривична пријава за измамник

Пријавениот преку телефон лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што нудел помош за подигање парични средства од Фондот.

232

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Во периодот од август 2022 до мај 2023 година, пријавениот преку телефон, лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што со нудење на помош за подигање на парични средства од Фондот, со измама ја навел А.Г. од село Балинци да му исплати околу 6.000 евра.

Поврзани содржини