ЗЕКИРИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕМИЕРОТ НЕМА ДА СЕ ПРЕМИСЛИ Заев е многу разочаран

1,829

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, вели дека и покрај настојувањата на коалициските партнери, Зоран Заев тешко ќе ја преиспита одлуката да поднесе оставка на премиерската функција.

Во изјава за косовската агенција Косова прес, Зекири вели дека се очекува се да се разјасни во следните денови, кога Заев ќе ја предаде оставката во Собранието.






Според Зекири, не само партнерите од коалицијата, туку и пријатели од меѓународната заедница се обидувале да го убедат Заев да ја повлече оставката.

– Ќе биде тешко да се убеди, бидејќи е разочаран од исходот на изборите, но и од неколкугодишниот процес на напори за отворање преговори со ЕУ. Македонија ги исполнува сите услови, ја направи промената на името, но тогаш се појави Бугарија како пречка и она што го направи ЕУ не ги рефлектираше сите оние храбри одлуки кои ги донесе Заев во надворешната политика. Сево ова имало и има влијание врз неговата личност и ќе биде тешко за секого да го убеди, иако барањата се упорни, и во партијата и од коалициските партнери – истакна вели Зекири.

Поврзани содржини