Зехофер: Исламскиот тероризам е голема опасност за Германија

Нивото на опасност од терористички напади во Германија е непроменето високо - рече министерот за внатрешни работи.

219

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во Бундестагот ја истакна акутната опасност од терористички напади со исламистичка заднина во Германија, но истовремено ги отфрли избрзаните барања за законски измени по терористичките напади.

– Нивото на опасност од терористички напади во Германија е непроменето високо – рече министерот за внатрешни работи Зехофер за време на седница во Бундестагот посветена на заканите од исламскиот тероризам.






Зехофер укажа на тоа дека само оваа година во Германија се регистрирани три терористички напади со исламистичка заднина, како и дека извршителот на нападот во Виена во понеделникот имал контакти со членови на исламистичката сцена и во Германија.

– Преку случајот во Виена, имаме врски и со потенцијално опасни исламисти во Германија, рече Зехофер, не наведувајќи детали.

Поврзани содржини