„Зегин“ донираше 4.000 детски визири во општина Чаир

Донацијата ја прими градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој во знак на благодарност, на Механџиски му додели плакета од Мајка Тереза како симбол на хуманост и сплотеност.

322

Со цел побрзо и полесно справување со пандемијата од ковид-19, компанијата „Зегин“ денеска додели уште една донација во корист на здравјето на граѓаните, овој пат на најмалите.

Сопственикот на „Зегин“, Благој Механџиски денеска лично додели 4.000 детски визири во општина Чаир, наменети за учениците од основните училишта кои посетуваат настава со физичко присуство во оваа Општина. При тоа Механџиски упати силна порака дека децата се нашата иднина и дека треба да се грижиме за нив.






Донацијата ја прими градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој во знак на благодарност, на Механџиски му додели плакета од Мајка Тереза како симбол на хуманост и сплотеност. Тој ја истакна важноста на соработката помеѓу сите учесници во оваа борба, вклучувајќи ги поединците, институциите и компаниите како „Зегин“ кои се директни и активни учесници во справувањето со пандемијата.

 

Поврзани содржини