ЗЕДЕ ЕДНО ПРОЅИРНО БОДИ И МИ РЕЧЕ ДА ГО ПРОБАМ Трамп се соочува со обвинение за силување за инцидент од 1995 година
Потоа уште еднаш ја притиснал на ѕидот, ѝ ги соблекол хулахопките и насилно ја силувал неколку минути додека таа не успеала да го оттурне и побегнала од продавницата, се вели во тужбата.
„Тој од шанкот зеде мало проѕирно боди и ми рече да одам да го пробам. И тука западнав во неволја, бидејќи влеговме во соблекувалната и тој ја затвори вратата и тоа беше тоа“.
Вака изјави писателката Елизабет Џин Керол за наводниот инцидент со Доналд Трамп во стоковна куќа во Њујорк 1995 година. Таа вели дека Трамп ја препознал додека пазарела подарок за нејзина пријателка која не е именувана во тужбата.
Керол неделава ќе има можност пред судот да ја објасни својата тужба, што ќе биде нов предмет во сегашните обвиненија со кои се соочува пораншениот американски претседател.
Таа тврди дека Трамп пред речиси три децении ја турнал до ѕид и насилно ја бакнувал додека таа не го оттурнала, пишува Гардијан.
„Потоа уште еднаш ја притиснал на ѕидот, ѝ ги соблекол хулахопките и насилно ја силувал неколку минути додека таа не успеала да го оттурне и побегнала од продавницата“, се вели во тужбата.
Керол тогаш има кажала на повеќе пријатели за инцидентот, но не поднела жалба во полиција бидејќи „беше во шок и не сакаше да се смета себеси за жртва на силување.
„Двајцата пријатели на кои им се довери и дадоа спротивставени совети за пријавување на настанот. На крајот победил советот на пријателот кој ја советувал да молчи. Тој пријател истакна дека г-дин Трамп е моќен и дека ќе ја „закопа„ г-ѓа Керол доколку таа излезе со ова во јавноста“, се наведува во жалбата.
Керол се предомислила дури години подоцна кога Трамп беше избран за претседател и следејќи ги обвинувањата против филмскиот продуцент Харви Вајнштајн во 2017 што доведоа до движењето #MeToo на социјалните мрежи кое имаше за цел да ги охрабри сите жени кои имале вакви инциденти да проговорат за тоа.
Во својата книга „За што ни се потребни мажите? Скромен предлог“ таа пишуваше и за Трамп. Тогаш тој одговори декаа нејзините наводи се „целосна измама и рече дека книгата на Керол „треба да се продава во делот за фикција“.
Таа во 2019 година го обвини Трамп за клевета, но тој случај е во мирување.
Сега, се отвора патот кон еден друг случај за силување.
Трамп ги отфрли обвинувањата на својата социјална мрежа СоцијалнаВистина. Тој напиша:
„Таа целосно измисли приказна дека ја сретнав пред вратите на оваа преполна стоковна куќа во Њујорк и за неколку минути ја рашири. Тоа е измама и лага“.
„Сега сè што треба да направам е да поминам низ години правни глупости за да го исчистам моето име од лажните напади од нејзе и нејзиниот адвокат врз мене. Ова може да му се случи само на „Трамп“!“
Казната за силување во САД може да достигне и 25 години затвор.
Судењето доаѓа во момент кога Трамп веќе се соочува со обвиненија за криминална измама поради исплата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс на која наводно ѝ исплатил пари за да молчи за нивната сексуална врска за време на претседателската кампања во 2016 година.
Тој е обвинет и за обиди да ги преиначи резулатите на претседателские избори во 2020 година, односно за настаните кои следеа при упадот на Капитол на 6 јануари следната година.